top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Балетски гала-концерт во НОБ

10.06.2024 Juni Ponedelnik

На 26 јуни, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи балетски гала-концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето“.

На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска Кочевска, Васил Чичиашвили и Наташа Јосифовска.

Балетскиот гала-концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро“ од П.И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П.И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П.И. Чајковски, „Рајмонда“ од А. Глазунов и многу други.


1 view

Comments


bottom of page