Балетската претстава „Ла, ла, ла…!“ во МОБ
Updated: Sep 21, 2021
20.09.2021 Septemvri Ponedelnik
На сцената на Националната опера и балет, на 22 септември, во 20 часот, ќе се одигра балетската претстава „Ла, ла, ла…!“, во кореографија на Саша Евтимова. Претставата ќе биде проследена со музика од македонски евергрини. Идејата за костимите е на Саша Евтимова, а светло-мајстор е Милчо Александров. Женскиот ансамбл го сочинуваат Ангела Велевска, Мила Ниновска, Христина Наќевска, Симона Митовска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Мартина Димовска. А машкиот ансамбл Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев, Никола Орсо.
– Модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот, освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа што нѐ води на незаборавни патувања – информираат од МОБ.
Comments