top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам вечер во НОБ

15.04.2022 April Petok

Романтичниот балет во два чина „Жизел“ вечер ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет.

Преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, „Жизел“ е безвременска приказна за несреќна љубов.

Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, диригент на претставата е Иван Еминовиќ, костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, а светло дизајн на Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи првенецот Васил Чичиашвили (Грузија), во улогата на Мирта – Ивана Коцевска, Хиларион – Игор Веланоски , селско па де де – Христина Наќевска и Ендру Кук (Англија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет


1 view

コメント


bottom of page