top of page

Балетот “Лебедово езеро“ во кореографија на Виктор Јаременко од Украина во НОБ

Безвременскиот балет „Лебедово езеро“ на 25 март 2022 во (20 часот), ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет.

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета / Одилија ќе настапи гостинката од Бугарија, примабалерината Марта Петкова, во улогота на принцот Зигфрид ќе настапи Васил Чичиашвили (Грузија), а Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), Па де труа: Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ендру Кук (Англија).

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Сценографијата и костимите се на Украинците Андреј Злобин и Гана Ипатиева.

Ода за моќта на љубовта! Балетска класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова е универзално и волшебно ремек дело на љубов, измама и драма.


 
 
 

Comments


bottom of page