top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Балардини: Следам едно младо момче од Македонија подолго време…

23.06.2021 Juni Sreda

Горан Пандев ја отвори вратата отворена за продолжување на кариерата на клупски план за уште една натпреварувачка сезона, па во моменти кога се чека да седне на маса со водечките луѓе на Џенова, со интересна изјава се јави и тренерот на првиот тим. Давиде Балардини има извонреден однос со македонскиот напаѓач и тој беше еден од првите кои го убедуваа Гоче да остане најмалку уште една година во професионалниот фудбал, па како што одминуваат деновите, се поверојатно е дека Пандев ќе постигне договор со Џенова за обновување на соработката. Во своето излагање по последниот натпревар за македонската фудаблска репрезентација, Горан порача дека веќе не може да одговори на два или три фронта и време е да се повлече од најсилната селекција, изјава со која отворено алудираше дека постојат големи шанси да продолжи со активното играње на клупски план. Балардини во последното интервју за „Тутоспорт“ на интересен начин ја искоментира ситуациајта на 37-годишниот фудбалски ветеран, за кого тој смета дека игра како младо момче. – Има едно младо момче од Македонија кое го следам веќе извесно време и кое ја потврди својата класа на највисоко ниво на натпреварите на Европското првенство. Очигледно не можам да ви го кажам името…., – изјавил Балардини со насмевка на лицето и додал. – Да бидеме сериозни, Горан мора да продолжи да игра, има квалитет за тоа. Сепак, последниот збор е негов, изборот ќе биде негов, – додал тренерот на Џенова.



1 view

Comments


bottom of page