top of page

Балаг: Скандалот со Сити ќе го остави Гвардиола без еден планиран ангажман

Oct 2
1 min read

02.10.2026 Oktomvri Petok

Угледниот шпански новинар Гилјем Балаг, кој важи за одличен пријател на Пеп Гвардиола, па дури напиша и една авторизирана автобиографска книга за својот сонародник, вели дека без разлика на тоа дали трофејниот тренер бил свесен и известен за манипулациите, најавената одлука ќе го остави без шанса да добие понуда за една посакувана работа.

Гвардиола освои многу трофеи во Англија и во јавноста се очекуваше дека ќе добие понуда да го наследи Томас Тухел во моментите кога асоцијацијата би донела решение за крај на соработката со Германецот, наводно и Гвардиола бил отворен за ваква комбинација, но според Балаг најавените санкции ќе значат и збогување на Пеп од ваквите амбиции.

– ФА го чекаше Гвардиола два месеца да одлучи дали ќе прифати да стане селектор, за на крајот тој да го продолжи договорот со Сити и да остане на „Итихад“.

– Тие го избраа Тухел, но во мојата глава Гвардиола остана фаворит да биде селектор по ерата на Тухел. Но, сега, не верувам дека ФА би сакала да ангажира некој кој ќе ја подели фудбалската јавност на начинот на кој Гвардиола ќе го прави тоа во иднина. Но, и самиот Пеп сега не би се нафатил на оваа работа затоа што е свесен дека многу луѓе ќе се интересираат за неговото минато. Сепак, во неговите очи се досега ова беше одлична опција, – вели Балаг.


 
 
 

Comments


bottom of page