top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бакингемската палата доби нови станари

Бет и Блубел, два џек расел териера посвоени од кралот Чарлс Трети и кралицата сопруга Камила во 2017 година, сега ќе живеат во Бакингемската палата. Ова е првпат во долгата историја во палатата да се вселат вдомени кучиња. Пред да биде посвоена од кралската двојка преку здружение за спасување животни, Бет била напуштена, а Блубел била пронајдена во шумата, без крзно и со рани по телото. Двата џек расел териера закрепнаа со многу љубов и внимание, па се појавија на насловните страници на некои од британските списанија.

Во текот на јули 2022 година, Камила ги покани сите љубители на животни да ги посетат засолништата и да посвојат куче или мачка, истакнувајќи дека се пријатели за цел живот.

Познато е дека кралот Чарлс е голем љубител на кучиња, како и неговата мајка, неодамна починатата кралица Елизабета Втора. Таа сакаше корги, а сегашниот крал Чарлс имаше лабрадор по име Харви.

Засолништето за животни „Батерси“, чии жители ќе се преселат во Бакингемската палата, е добротворна организација, која згрижила повеќе од три милиони животни од своето основање во 1860 година, а кралското семејство е нивен покровител.


1 view

Comments


bottom of page