Search
Баерн ќе се сретне со ПСЖ во реприза на ланското финале
- Aleksandar Santovski
- Mar 19, 2021
- 1 min read
Актуелниот европски првак Баерн ќе се соочи со ПСЖ во четврт-финалето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), во дуел што ќе биде реприза на ланското финале во престижното натпреварување. Ова е резултат од ждрепката за четврт-финалните дуели, како и за полуфиналните, која денеска беше влечена во Нион, Швајцарија.
Победникот од дербито на четвртфиналната рунда ќе вкрсти со подобриот од дуелот помеѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд. Во второто полуфинале ќе се сретнат победниците на пресметките Порто – Челси и Реал Мадрид – Ливерпул.
Четврт-финалните мечеви ќе се играат на 6 и на 7, односно на 13 и на 14 април.
Четвртфинални двојки
Манчестер сити – Борусија Дортмунд Порто – Челси Баерн – ПСЖ Реал Мадрид – Ливерпул

Comments