top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Баерн ќе заработува речиси двојно повеќе од спонзорскиот договор за името на стадионот

Германскиот шампион Баерн Минхен традиционално заработува сериозни пари од спонзорските договори, а добрите резултати и правилните чекори на менаџментот се потврдени и со најавеното дополнително освежување за буџетот.

„Билд“ тврди дека Баварците постигнале договор со „Алијанц“ за продолжување на договорот со кој стадионот на Баерн е именуван по компанијата и истиот ќе трае до 2033 година.

Она што е поважно е дека годишно клубот ќе добива по 13 милиони евра, наместо 8 милиони кои му следуваа според актуелниот договор кој истекува.

За договорениот период Баерн ќе добие 130 милиони евра, што сигурно ќе има дополнително позитивно влијание на финансиската слика на бундеслигашот.


1 view

Comentarios


bottom of page