Баерн ќе заработи 20 милиони евра од новото засилување на Јунајтед
12.07.2024 juli Petok
Џошуа Зиркзе се покажа како одличен голгетер во Болоња и во прв момент се чинеше дека ќе остане во Италија, но откако Милан одби да ја плати провизијата која ја побараа агентите на Холанѓанецот, Манчестер Јунајтед во период од неколку дена ја реши целата операција.
Англискиот великан реши да исплати 42 милиони евра и плус 15 милиони евра за провизија, па така фудбалерот ова утро пристигна во Манчесетер за да ја комплетира операцијата.
Зиркзе во текот на денешниот ден ќе ги мине медицинските прегледи и ќе потпише повеќегодишен договор со Јунајтед, но покрај Болоња, задоволни од овој трансфер се и во Германија.
Баерн Минхен задржа 50 проценти од правата на фудбалерот кога го продаде на Болоња, па така баварскиот великан ќе добие околу 20 милиони евра од новото засилување на Јунајтед.
Истовремено, Баерн е во напредни преговори со Манчестер за реализација на уште една зделка, бидејќи Матијс Де Лихт е следниот Холанѓанец кој треба да слета на „Олд Трафорд“, што значи дека германскиот клуб може да заработи дополнителни 50 милиони евра од англискиот великан.
Comments