Баерн ја понижил Барселона во преговорите за Левандовски
Роберт Левандовски јасно навести дека сака да го напушти Баерн Минхен и ги има договорено личните услови со Барселона, но засега двата клуба немаат договор за комплетирање на трансферот.
Баварците ги одбија првите понуди на Барса бидејќи сумата била премала, а сега двете страни ги приближуваат своите ставови на 50 милиони евра.
Германските медиуми тврдат дека Баерн испратил и една понижувачка порака до Барселона, истакнувајќи дека сака трансфер сумата да биде исплатена одеднаш и ова лето, затоа што бундеслигашот не е сигурен во опстанокот на каталонскиот гигант.
Барселона има финансиски проблеми и се обидува да ги покрие долговите со новите комерцијални договори, но Баерн со пораката отиде чекор подалеку навестувајќи црна иднина за европскиот ривал.
Ако нема договор до понеделник, можно е Левандовски да го бојкотира почетокот на подготовките, а со тоа да ја зголеми и тензијата.
Comments