Баерн ја казни неефикасната Барселона, Матип донесе голема радост на „Енфилд Роуд“ (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Sep 14, 2022
- 1 min read
Фудбалерите на Баерн Минхен излегоа како победници од дерби пресметката со Барселона која вечерва се одигра во групата Ц во Лигата на шампионите.
Каталонците создадоа повеќе чисти шанси на оваа средба, имаа и статива, но тоа во фудбалот не се брои, а крајниот резултат беше 2-0 за домаќинот на „Алијанц Арена“. Најважните моменти се случуја во вториот дел и тоа во периодот од 50 до 54 минута кога Ернандез и Сане ја затресоа мрежата на Тер Штеген за втора победа во групната фаза.
Ливерпул пак со 2-1 беше подобар од Ајакс и тоа благодарение на погодокот на дефанзивецот Матип кој го даде во 89 минута. Претходно во листата на стрелци се запишаа Салах и Кудус во првото полувреме.
На останатите дуели Леверкузен беше подобар од Атлетико со 2-0, Порто беше прегазен пред своите гледачи од Бриж со 4-0, додека Ајнтрахт го освои „Веледром“ во Марсеј (1-0).

Comments