top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Баерн тргна во „лов“ на Кејн, Тотенхем ја одби првата понуда

Баерн Минхен се обидува да дојде до англискиот репрезентативец Хари Кејн, но ќе мора многу повеќе да се потруди, вложи за да го добие потписот на ѕвездата на Тотенхем.

Баварците по се изгледа сфатија дека им е потребен гол играч, вистинска замена за Роберт Левандовски, па изборот паднал врз Кејн кој веќе со години е еден од најдобрите на својата позиција.

Според информациите бундеслигашот понудил околу 70 милиони евра плус бонуси, понуда која брзо била одбиена од „петлите“ од Лондон.

Останува да се види која ќе биде реакцијата на германците, дали дополнително ќе притискаат за играчот кој да не заборавиме има само уште една од договорот со премиерлигашот, па и Тотенхем ќе мора да внимава со оглед на тоа што во 2024 Кејн може да си замине без да бида платено ниту едно евро за неговите услуги.


2 views

Comments


bottom of page