top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Баерн претстави довчерашен играч на Борусија како второ засилување

Баерн Минхен денеска ги израдува своите фанови со промоција на засилување, кое беше најавено изминатиот период.

Се работи за Рафаел Гереиро, досегашен фудбалер на Борусија Дортмунд, кој стана уште еден играч кој го заменил дресот на „милионерите“ со тој на најголемиот ривал во Бундеслигата.

Португалецот ја заврши соработката со Борусија откако го изработи целосниот договор, а сега ставил потпис на тригодишен договор со Баварците и ќе ги започне подготовките под водство на Томас Тухел.

За Баерн Минхен, Гереиро е второ засилување во овој преоден рок, откако претходно беше потврдено пристигнувањето и на Конрад Лајмер од РБ Лајпциг.

Гереиро дојде во Борусија од Лориен во 2016 година и зад себе има 224 настапи во дресот на Борусија.


2 views

Comments


bottom of page