top of page

Баерн постигнал договор за соработка со фудбалер на Челси

25.08.2025 Avgust Ponedelnik

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл пред неколку дена истакна дека неговиот клуб не планира да го доведе Николас Џексон, но вечерва германските медиуми поинаква вест.

Фудбалскиот уредник на „Билд“, Кристијан Фалк, излезе со информација дека не само што Баварците преговарале со Џексон, туку веќе постигнале договор за соработка која ќе трае барем една сезона.

Баерн сака да договори заем на Сенегалецот, па сега траат преговорите со Челси околу реализацијата на ваквата идеја.

Џексон нема иднина на „Стемфорд Бриџ“, барем не во моментите кога менаџерот Енцо Мареска има поголема доверба во засилувањата Жоао Педро и Лиам Делап, па се чини дека привремената преселба во Германија е најдобра опција за сите инволвирани.

Напаѓачот дојде во Челси пред две сезони, а има договор до 2033 година.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page