top of page

Баерн победи без Нено, Реал Мадрид му одржа лекција на Ефес

26.03.2026 Mart Cetvrtok

Екипата на Реал Мадрид ја извојува 22. победа во Евролигата, откако славеше со убедливи 82-71 над Анадолу Ефес во натпреварот од 34. коло.

„Кралевите“ беа многу подобар ривал на паркетот и сосема заслужено го обезбедија триумфот, иако гостите од Истанбул започнаа со пеколен ритам и убедливо ја добија првата четвртина. Мадриѓаните потоа возвратија со уште посилен удар и на паузата водеа со 42-33, а во второто полувреме видовме борбена игра на двете страни, но турскиот тим немаше сили за нов „кам-бек“ во мечот. 

Најдобар поединец кај победниците беше Треј Лајлс со 14 поени, а во редовите на Анадолу Ефес блесна Џордан Лојд, кој имаше седум поени повеќе. 

Баерн Минхен немаше големи проблеми на домашен терен и го совлада тимот на Асвел со сигурни 93-83. На овој меч на клупата остана Ненад Димитријевиќ кој доби поштеда од тренерот Пешиќ. Екипата на Олимпија Милано беше убедлива во италијанската пресметка со Виртус Болоња (103-87).

Победа оствари и екипата на Макаби од Тел Авив, која по едно продолжение го надигра тимот на Дубаи со конечни 104-100. 


 
 
 

Comments


bottom of page