Search
Баерн остана без значаен ас за дербито со Барселона во ЛШ
Баерн Минхен ќе одигра уште три мечеви до „прозорецот“ наменет за репрезентациите, а токму за тие дуели против Штутгарт, Барселона и Аугзбург тренерот Јулијан Нагелсман нема да може да смета на еден од најдобрите играчи Кингсли Коман.
Коман го повреди мускулот на денешниот тренинг и го очекува пауза од терените, односно во најдобро сценарио ќе биде фит и подготвен да му помогне на Баерн дури по паузата за репрезентациите. Ова значи дека ќе скокне две бундеслигашки рунди како и дербито со Барса во ЛШ.
Французинот во оваа сезона има учинок од 1 гол и 3 асистенции.
Komentarze