top of page

Баерн ладнокрвно одбил и втора понуда на Барселона за Левандовски

Роберт Левандовски јасно навести дека не сака веќе да настапува за Баерн Минхен и преферира трансфер во Барселона, но барем засега нема напредок во обидот да биде исполнета неговата желба.

Германскиот шампион не попушта и останува на цврстиот став дека Левандовски има уште една година од договорот и треба да се појави на подготовките за новата сезона, истовремено одбивајќи ги понудите на Барса.

Денеска била одбиена и втора понуда, со која Баерн бил заработил 35 милиони евра плус 5 милиони евра како евентуален бонус, нешто што не ги исполнува очекувањата на Баварците.

Тие пак инсистираат на најмалку 50 милиони за правата на Левандовски и барем засега ладнокрвно тактизираат во ситуација кога полскиот репрезентативец е очаен за трансфер.

Во Барселона очекуваа изјавите и притисокот на Левандовски да помогнат во побрзо реализирање на трансферот, но очигледно дека наидоа на специфичен „отпор“ од раководството на бундеслигашот кое спокојно чека потешка понуда.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page