top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Баерн има нов тренер, Кан и Салихамиџиќ ги објаснија причините за отказот на Нагелсман

Германскиот великан Баерн Минхен и официјално ги потврди најевените промени на тренеската позиција на клубот, поточно отказот на младиот стратег Јулијан Нагелсман.

Сосема неочекувано медиумите од вчера почнаа да информираат дека Јулијан е веќе минато, па некаде по 24 часа се јавија и од таборот на „баварците“ каде ја потврдија веста и воедно ги образложија причините за ваквата одлука.

-Кога го потпишавме Јулијан Нагелсман во Баерн во летото 2021 година, бевме убедени дека ќе работиме со него на долгорочна основа – и тоа беше целта на сите нас до крај. Јулијан дели нашата аспирација да играме успешен и привлечен фудбал. Ама дојдовме до заклучок дека квалитетот во нашиот состав – и покрај титулата во Бундеслига минатата година – доаѓа до израз помалку и поретко. По Светското првенство игравме помалку успешно и помалку привлечно. Големите флуктуации во перформансите предизвикаа сомнеж во нашите цели за оваа сезона, но и нашите цели за иднината. Затоа сега дејестуваме. Лично и во име на Баерн, би сакал да им се заблагодарам на Нагелсма и неговиот тренерски тим и им посакувам среќа во иднина, -истакна извршниот директор Оливер Кан.

-Ова беше најтешката моја одлука во Баерн Минхен. Имав отворен, доверлив, пријателски однос со Јулијан од првиот ден. Жалам поради начинот на разделба со Нагелсман. Но по темелната анализа на спортскиот развој на нашиот тим, особено од јануари и со искуството од втората половина од претходната сезона, решивме да го отпуштиме. Јас сум многу благодарен за она што го направи за Баерн и му посакувам се најдобро, -порача пак спортскиот директор Хасан Салихамиџи.

Актуелниот германски шампион воедно го потврди и новиот тренер-тоа е Томас Тухел кој се обврза на соработка до 30 јуни 2025 година.

Тухел има работено во неколку германски тимови како Мајнц, Борусија Дортмунд и вториот тим на Аугзбург, но најдобрите резултати го забележа во ПСЖ и Челси.


1 view

Comments


bottom of page