top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Баерн и Ливерпул имаат само по четири можни ривали

ФУДБАЛ – ПРЕД ЖДРЕПКАТА ВО ЛШ

Баерн и Ливерпул имаат само по четири можни противници пред ждрепката в понеделник за осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите. Ждрепката е полудиригирана, па во осминафиналето меѓу себе не можат да играат првопласираните, потоа тимови од иста земја и тие што веќе сезонава играа во иста група. Така, Баерн може да се сретне со Клуб Бриж, Ливерпул, Милан и со ПСЖ, а нема да игра со Борусија Дортмунд, Лајпциг, Ајнтрахт (клубови од иста земја) и со Интер (играа во групата). Ливерпул, пак, ќе добие еден од следните ривали, Баерн, Бенфика, Порто или Реал Мадрид, а нема да се сретне со Челси, Манчестер сити, Тотенхем (од иста земја) и со Наполи (играа во иста група). Сите можни тимови од спротивниот барабан, по седум, пак, ѝ се можни ривали на Бенфика, Реал Мадрид, Порто (трите тима се во првиот барабан, а нема да се сретнат со ПСЖ, со Лајпциг, односно со Клуб Бриж), ПСЖ и Клуб Бриж (двете екипи се во вториот барабан, а нема да играат со Бенфика, односно со Порто). Половина од годинашните учесници во осминафиналето на ЛШ се различни во однос на минатата сезона. И лани и сега осминафиналисти се Бенфика, Интер, Ливерпул, ПСЖ, Челси, Манчестер сити, Реал Мадрид и Баерн (шест од нив четврти пат во низа се во осминафиналето…), нови се Клуб Бриж, Наполи, Порто, Лајпциг, Ајнтрахт, Милан, Борусија Д. и Тотенхем, а лани играа Ајакс, Вилјареал, Јувентус, Салцбург, Спортинг, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед и Лил.



2 views

Comments


bottom of page