Search
Баерн го отпуштил тренерот на голманите на барање на Нагелсман
Баерн Минхен ги шокираше своите фудбалери со одлуката да го отпушти тренерот на голманите Тони Тапаловиќ, а оваа одлука најмногу го засега Мануел Нојер, со кого хрватскиот стручњак бил најблизок во тимот.
Хасан Салихамиџиќ потврди дека Тапаловиќ заминува поради различни ставови за одредени прашања, а новинар на германски „Спорт1.де“ тврди дека отказот доаѓа на барање на Јулијан Нагелсман.
Покрај одредени несогласувања, Нагелсман сметал дека Тапаловиќ е „крт“ во соблекувалната на Баерн, односно пренесувал информации од состаноците на стручниот штаб кај фудбалерите.
Тапаловиќ го информирал Нојер, а тој им ја пренесувал информацијата на своите соиграчи, па логично е што Нагелсман не бил задоволен од својот соработник.







Comments