Баерн ги продолжи договорите на двајца играчи, директорот истакна: Тие се „дрим-тим“
Баерн Минхен денеска потврди дека Мануел Нојер ставил потпис на нов договор, кој го обврзува кон клубот до јуни, 2025 година, а истото важи и за неговата замена Свен Улрајх.
Германскиот клуб се најде во незавидна позиција по сериозната повреда на Нојер, во меѓувреме го ангажираше Јан Зомер, за сезонава местото на стандарден голман да го покрива Улрајх.
Тој одлично се снајде на одговорната задача и дефинитивно заслужи продолжување на договорот, иако веќе е на 35-годишна возраст.
– Нојер и Улрајх се „дрим-тим“, забавно е да ги гледам секој ден на тренинзите.
– Се поддржуваат и мотивираат еден со друг и ги претставуваат вредностите кои се заштитен знак на Баерн, – изјавил Извршниот директор на клубот, Јан-Кристијан Дресен.
И Нојер и Улрајх добија продолжување за една година, односно до крајот на следната сезона.
Comments