Search
Бабунски ќе ја води Победа во ПМФЛ
Поранешниот македонски репрезентативец и воедно селектор, Бобан Бабунски е назначен за нов тренер на Победа.
Клубот од Прилеп се враќа во првата лига, а токму нашата легенда ќе биде човекот кој ќе ја води екипата во најсилната домашна конкуренција. Веќе во понеделник Бобан ќе ја има првата прозивка на која ќе присуствува и првиот човек на клубот Благоја Гешоски при што ќе се образложи планот подготовките за новата сезона.
Бобан како тренер ги водеше Вардар и Работнички, а беше селектор на најквалитетната македонска селекција, но и онаа до 21 година.
Comments