top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Баба го прослави својот 90-ти роденден во Париз на концертот на Тејлор Свифт


21.06.2024 Juni Petok

Ненси Стронг од САД го прослави својот 90-ти роденден во голем стил – отиде во Париз на концерт на Тејлор Свифт.

„Се започна со моите внуци Џенифер и Брајан, кои се вистински фанови на Свифт. Ми рекоа – Бабо, ајде да одиме заедно во Париз на концертот на Тејлор Свифт”, изјави Ненси за Пипл.

Успеале да купат пет билети, па со нив отишле синот на Ненси и неговиот пријател. Тие останаа во луксузниот хотел Булгари, со надеж дека и таму ќе ја видат Свифт.

„Се надевавме дека ќе биде во пентхаусот, но таа не беше“, вели Ненси, која признава дека е фан на Свифт 10 години.


0 views

Comments


bottom of page