top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ања Тејлор-Џој научила англиски од книгите за Хари Потер

21.12.2020 ДЕКЕМВРИ ПОНЕДЕЛНИК Ѕвездата од хит-серијата „Дамски гамбит“, Ања Тејлор-Џој, научила англиски преку „Хари Потер“. Таа одбивала да учи англиски цели две години кога првпат се преселила во Лондон од Аргентина, но чичко ѝ ја убедил да го засака јазикот преку книгите. „Сакав да си одам дома, а во мојот менталитет на шест-седум години мислев дека родителите ќе мора да ме вратат ако не го зборувам јазикот. Вујко ми ќе ме седнеше со книгите за Хари Потер и јас учев од овие книги“, рече таа додавајќи дека сакала да глуми кога имала само пет или шест години. 24-годишната актерка доби високи признанија од филмската критика за нејзината волшебна изведба на шахистка во хит-драмата The Queen’s Gambit („Дамски гамбит“) во продукција на „Нетфликс“. Во серијата Ања Тејлор-Џој ја глуми Елизабет Хармон, харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот каде што доминираат мажите. Наречена по шаховски потег, мини-серијата во седум епизоди го следи животот на шаховското чудо Елизабет, чиј талент е откриен од старателот во дом за деца без родители. Таа се стреми кон врвот на играњето шах на меѓународната сцена. Дејството во серијата се случува во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. Новата серија на „Нетфликс“ е најдобро рангирана серија на оваа стриминг-платформа.



1 view

Comments


bottom of page