top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ања Тејлор-Џој има идеја за втора сезона на „Дамски гамбит“

09.02.2021 februari vtornik 24-годишната актерка откри дека никогаш немало никаква дискусија за повеќе од една сезона на „Дамски гамбит“ во која таа ја толкува Бет Хармон, харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот каде што доминираат мажите. Но, имајќи го предвид големиот успех на серијата на „Нетфликс“, како и фактот дека таа сруши рекорди на гледаност уште од првата епизода, актерката навести дека можноста за втора сезона е сè поголема со оглед на барањата на фановите. „Толку е нестварно и прекрасно што луѓето сакаат втора сезона, бидејќи никогаш не сме размислувале за тоа, немаше дискусија за тоа“, рече таа во разговор со порталот „Дедлајн“. „Тоа е, во Холивуд никогаш не кажувај никогаш. Би било многу интересно да се види каква ќе биде Бет како мајка, сега кога е трезна и свесна за демоните што ја влечат надолу.“ Наречена по шаховски потег, серијата го следи животот на шаховското чудо Бет Хармон, чиј талент е откриен од старател во сиропиталиштето во кое таа живее. Серијата го зголеми интересот за шах кај младите, а воедно му донесе гламур на спортот, кој инаку добива малку внимание. Во неделата кога серијата премиерно почна да се прикажува во САД, Велика Британија и други земји, гугл-пребарувањата за терминот „шах“ значително се зголемиле. Една од силните страни на серијата е тоа што во преден план става женски играч, реткост во светот на натпреварувачкиот шах.




2 views

Comments


bottom of page