top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ашаданов: Целта останува иста, да се обидеме сите заедно да дојдеме до некоја победа

06.11.2024 Noemvri Sreda

КОШАРКАРКИТЕ ГИ ПОЧНАА МИНИ-ПОДГОТОВКИТЕ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025

Македонските кошаркарки ги почнаа мини-подготовките за претстојните натпревари дома, со Украина утре (од 18 часот) и со Португалија в недела (18 ч.), двата во СРЦ „Кале“, во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2025 година. Селекторот Александар Ашаданов го скрати првобитниот список од 17 на 12 кошаркарки.– Секој циклус е сличен на претходните. Исклучок не е ни овој ноемвриски прозорец на ФИБА. На овие неколку тренинзи ќе се обидеме да ја поставиме нашата игра, да ги анализираме противниците. Прв ривал ни е Украина, селекција со која не сме се сретнале во изминатите години, а многу повеќе податоци имаме за Португалките. Целта останува иста, да се обидеме сите заедно да дојдеме до некоја победа, ќе ни значи многу на сите нас – вели Ашаданов, пренесе Кошаркарската федерација на Македонија.Македонија во овие квалификации е во групата Г и по две кола има два пораза, од Португалија на гости и од Србија дома. Водат Србија и Португалија со по четири бода, а со по два бода се Македонија на третото место и Украина. Од мечевите во таа група утре е и дуелот Србија – Португалија, а в недела мечот Украина – Србија. До крајот на овие квалификации Македонија ја очекуваат уште дуелите в година на гости со Србија на 6 февруари и со Украина на 9 февруари. На ЕП 2025 ќе се пласираат победниците во групите, како и четирите најдобро второпласирани во осумте групи. Тие ќе им се приклучат на кодомаќините на ова ЕП, Чешка, Германија, Грција и Италија, па вкупно на ЕП 2025 ќе настапат 16 репрезентации. Г.И.


0 views

Comments


bottom of page