Ашаданов: Мораме да бидеме самокритични ако сакаме да сме во рангот со најдобрите
Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз од Германија ги започна квалификациите за Европското првенство во 2023 година.
Нашата селекција одигра одлично прво полувреме во Хале, полувреме кое го добивме со 30-26, но во продолжението ние застанавме, противникот не надигра и дојде и до убедлив триумф од 73:41. Ова е натпревар од кого може да се извлечат позитивни и негативни работи, па селекторот Александар Ашаданов направи првична анализа и посочи што ни фалело да се дојдеме до подобар резултат.
-Неблагодарно е доколку кажам дека не сум задоволен од желбата на овие девојки кои го оставија срцето на терен во првото полувреме. Хендикепот под кошевите (26 офанзивни скока на пеотивникот) и физичката (не)подготвеност го даде своето во второто полувреме. Сепак нема место за алиби. Кошарката е игра која се игра 40 минути и доколку сакаме да сме во рангот со најдобрите ќе мораме да бидеме самокритични. Евидентен беше недостатокот, особено во рекетот, на Бонер и на Кметовска, но одиме понатаму. Се надевам дека ќе можеме да сметаме на нив за мечот во недела, против БиХ,- рече Ашаданов.
Comments