Афлек: Ги гледав децата додека снимавме филм благодарение на Клуни
Бен Афлек искажа пофални зборови за Џорџ Клуни, кој му овозможил да поминува повеќе време со своите три деца за време на продукцијата на The Tender Bar. Филмот во кој глуми Афлек е во режија на Клуни. 49-годишниот актер во вторникот разговараше со „Пипл“ за соработката со Клуни (60) во драмата на „Амазон“. Афлек, кој има две ќерки – Вајолет (16) и Серафина (12) и син Семјуел (9) со поранешната сопуга Џенифер Гарнер, изјави за медиумот дека неговиот живот навистина многу се променил и дека откако станал татко, било очигледно дека приоритет е времето со нив. „Тој беше неверојатен бидејќи и тој е татко и ќе ме пушташе да излезам за време на викендите или ќе завршевме со снимање на некои кадри порано“, рече Афлек за Клуни, кој е татко на близнаците Ела и Александар (4) со сопругата Амал Клуни.
Comments