Ауди го потврди Заубер како партнер за влезот во Формула 1
Формула 1 денеска потврди дека Ауди ќе влезе во престижното првенство со помош на тимот на Заубер, кој во моментов има соработка со Алфа Ромео.
Германците ќе купат дел акции од швајцарската компанија и ќе настапуваат како фабрички тим, кој ќе добие и погонска единица подготвена од инженерите на Ауди.
Од претходно беше познато дека Алфа Ромео ќе се повлече од своето брендирање на тимот на Заубер по крајот на следната сезона, а во 2024 и 2025 година Заубер ќе продолжи да користи мотори на Ферари.
Од 2026 година ќе дебитира Ауди, период кој е темпиран со оглед на влегувањето на сила на новите правила за погонските единици.
Ауди е дел од групацијата Фолксваген, која од 2026 година може да биде преставувана во Ф1 и од Порше, но засега не е јасно дали овој бренд ќе успее да договори соработка со некоја актуелна екипа.
Comments