top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ауди го потврди влегувањето во Формула 1

Германскиот производител Ауди, денеска и официјално потврди дека влегува во Формула 1 од 2026 година.

Првиот човек на брендот, Маркус Дусмaн, објави дека Ауди се регистрирал како производител на погонски единици за Ф1, иако не прецизирал дали Германците ќе влезат со свој тим, или ќе бидат само задолжени за погонот на некој од тимовите.

Се очекува дека Ауди ќе го преземе Заубер, а во таа насока и соопштението на ривалската групација Стелантис, која најави крај на партнерството со швајцарскиот тим по 2023 година.

Од Ауди велат дека биле посебно мотивирани на овој чекор поради одлуката на Формула 1 да се движи кон фазата на електрификација, односно користење на хибриден погон кој ќе обезбедува барем 50 проценти од моќта на болидите, а ќе се користат и ситентички горива.

Дусман навести дека до крајот на годината ќе бидат објавени повеќе детали за влезот на Ауди во Формула 1, но тој ќе биде самостоен во однос на најавената соработка на Порше и Ред Бул.


1 view

Comments


bottom of page