top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

АТП воведува „минималец“ за првите 250 играчи во светот

АТП за првпат на тенисерите ќе им гарантира минимална плата како дел од тригодишниот пробен период што ќе започне во 2024 година, објави управното тело на машкиот тенис.

Програмата „Baseline“ ќе обезбеди минимален приход на најдобрите 250 рангирани поединечни играчи секоја сезона, при што АТП ќе го покрие секој недостаток доколку нивната заработка падне под прагот, пренесе „Ројтерс“.

За 2024 година, сумите се поставени на 300.000 долари за најдобрите 100 играчи, 150.000 долари за оние кои се рангирани од 101 до 175 и 75.000 долари за оние кои се рангирани помеѓу 176 и 250 во светот.

– Оваа гаранција ќе ги поттикне играчите да ги планираат своите сезони со поголема сигурност, да се фокусираат на нивната игра и да инвестираат во своите тимови – објави АТП. „Ова вклучува покривање на трошоците за тренери и физиотерапевти, како и патување“.

Додека врвните играчи на турнирите заработуваат огромни суми, вклучително и разни договори, нивните послабо рангирани колеги во голема мера зависат од минималната заработка од турнирите за да врзат крај со крај.

Многу играчи минуваа низ сериозни финансиски проблеми за време на пандемијата кога сезоната беше привремено прекината, што ги поттикна големите имиња како Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ да бараат решение.

АТП, исто така, објави дека исто така ќе се обврзе да ги поддржува играчите кои се натпреваруваат на помалку од девет АТП и Челинџ турнири во една сезона, поради повреди.

Претседателот на АТП Андреа Гауденци, кој неодамна беше избран за втор мандат на чело на организацијата, рече дека иницијативата е „целосна промена“ во начинот на кој спортот пристапува кон финансиите на играчите, пренесе „Хина“.


1 view

Comentarios


bottom of page