Атлетико се обидува да „украде“ најавено засилување за Јувентус
Атлетико Мадрид не е во најдобра финансиска ситуација, но тренерот Диего Симеоне сепак мора да ја освежи екипата и по цена да се раздели со дел од актуелните ѕвезди.
Шпанскиот состав без отштета веќе го доби Аксел Вицел, а сега се обидува да го комплетира трансферот на Науел Молина од Удинезе.
Аргентинецот долго време е поврзуван со Јувентус и италијанските медиуми тврдат дека клубовите преговараат за трансфер сумата, но Симеоне сака да го премисли сонародникот и да го доведе Молина во Мадрид.
Молина постигна 7 гола и имаше 5 асистенции последната сезона, со што најави дека е подготвен да настапува во клуб со поголеми амбиции од тие на Удинезе, а останува да се види дали ќе настапува барем со исти бои на дресот.
Како дел од преговорите со Удинезе, Атлетико е подготвен да го вклучи и Неуен Перес, кој веќе играше на заем во калчолигашот и би останал и во иднина во оваа екипа.
Comments