Атлетико почнал да лицитира за „договорено“ засилување на Интер
- Aleksandar Santovski
- Aug 8
- 1 min read
07.08.2026 Avgust Petok
Актуелниот италијански шампион Интер останува блиску до потписот на Кристијан Ромеро, но Аргентинецот на крајот може да заврши во тимот предводен од неговиот сонародник Диего Симеоне.
Дефанзивецот станува нетрпелив откако „нероазурите“ се уште не го договорија неговиот трансфер со Тотенхем, а таа ситуација сега се обидува да ја искористи Атлетико Мадрид.
Симеоне побарал да му биде доведен Ромеро, кој ќе биде големо засилување за одбраната на Атлети, па менаџментот веќе ја испратил и првата официјална понуда.
Шпанскиот клуб понудил 30 милиони евра, што е помала сума од тоа што Интер е подготвен да го плати, па и не е изненадување што Тотенхем експресно им порачал на Матеу Алемани и неговите соработници дека треба да се вратат со многу подобра понуда.
Сепак, тоа веројатно нема да биде последниот обид на Атлетико и шпанскиот клуб може да ја искористи големата предност, а тоа е желбата на Ромеро да настапува во Ла Лига и да соработува со Симеоне, сценарио кое ќе го остави Интер без важно засилување за својата одбрана.






Comments