„Атлетик“: Планот на Азар носи непосакуван проблем за Перез и Реал
Еден Азар се претвори во едно од најлошите засилувања на Реал Мадрид во поновата историја на клубот, бидејќи ѕвездата која беа платени 100 милиони евра се претвори во играч кој речиси никогаш не е достапен за тренерот Карло Анчелоти.
По освоената титула во Лигата на шампионите минатата сезона, Азар им вети на навивачите на Реал дека наредната сезона ќе го видат неговото вистинско лице, но наместо тоа, Белгиецот речиси да не добива никаква шанса откако имаше многу проблеми со повреди во последните неколку месеци.
Азар беше стартер на само еден меч оваа сезона во Ла Лига и одигра вкупно три натпревари, што најдобро говори за неговата минимална минутажа, која сепак не прави да се чувствуво некомотно во Мадрид.
Напротив, идејата на Азар е да го доработи својот договор со Реал Мадрид независно од статусот кој го има во првиот тим, одлука која сигурно може да донесе и големо незадоволство кај Флорентино Перез и неговите први помошници.
„Атлетик“ денеска излезе со ексклузива во која вели дека Азар сака да го одработи договорот до 2024-та година до последен ден, што значи деак е спремен да мине уште една цела сезона на клупата за резерви, а потоа како слободен фудбалер да направи трансфер во МЛС лигата, првенство за кое самиот вели дека навистина многу го привлекува.
Comments