Астон Мартин конечно го потврди вториот возач за трката во Бахреин
Повредата на зглобот не му дозволи на Ленс Строл да присуствува на претсезонските тестирања, истовремено активирајќи ги шпекулациите за тоа дали Астон Мартин ќе треба да ангажира друг возач за првата трка во Бахреин. Денеска тимот објави дека Строл ги поминал последните тестови и ќе биде во можност да вози на трката, со што се става и крај на неизвесноста околу ова прашање. Канадскиот пилот го повредил зглобот на раката по пад од велосипед, а на тестирањата беше заменет од резервниот возач, Фелипе Другович. – За жал паднав од велосипед откако погодив една дупка, но имав среќа бидејќи повредата можеше да биде посериозна. Малиот оперативен зафат го реши проблемот и сега сум концентриран на она што следува на првата трка, – изјавил Строл. Членот на Астон Мартин минатата сезона ја заврши на 15. место, а партнер ќе му биде двократниот шампион Фернандо Алонсо.
Comments