top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Астероид со големина на Ајфеловата кула ќе влезе во орбитата на Земјата

Астероид со големина на Ајфеловата кула следната сабота ќе влезе во орбитата на Земјата со брзина од 23.700 километри на часа, објави американската вселенска агенција НАСА. Астероидот ќе биде поблиску до Земјата од кој било друг во последните 20 години, пренесе „Ројтерс“.

„Астерант“, базата на податоци што следи повеќе од 600.000 астероиди, проценува дека астероидот содржи никел, железо и кобалт во вредност од 4,71 милијарди долари. Астероидот во облик на јајце долг 330 метри, кој е наречен „Нереус 4660“ по старогрчкиот бог на морето, најстариот син на божицата Гаја, ќе биде оддалечен околу 3,86 милиони километри од Земјата, што е околу 10 пати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Месечината, пишува порталот „Лајв Сајанс“. Иако звучи како многу голема оддалеченост, по космички стандарди тоа е на чекор од нашата планета.

Секој вселенски објект кој e на оддалеченост од 193 милиони километри од Земјата НАСА го класифицира како „потенцијално опасен – објект блиску до Земјата“. Астрономите внимателно го следат означениот објект, внимавајќи на какво било отстапување од предвидената орбита, што би можело да го внесе во орбитата на Земјата или да предизвика можен судир.

Според предвидувањата на НАСА, следното приближување на „Нереус“ до Земјата ќе биде на 2 март 2031 година, потоа во ноември 2050 година и на 14 февруари 2060 година, кога би можел да се приближи на речиси 1,2 милиони километри.


1 view

Comments


bottom of page