Астерикс и Обеликс во нивната најнова авантура патуваат во Русија
27.10.2021 Oktomvri Sreda
Стрип-хероите Астерикс и Обеликс се упатуваат кон исток, во нивната прва авантура што е објавена по смртта на креаторот на серијата Алберт Удерзо.
Во „Астерикс и грифон“, двојката првпат патува во Русија откако древниот Гетафикс сонува шаман од античко племе, кој го замолува да се упати кон исток, според античкото пророштво, а помош ќе дојде од Галите, особено од најмалите.
Тројцата јунаци се впуштаат во пространството на снежната степа.
Првиот конфликт со легијата на Цезар неизбежно доаѓа наскоро, бидејќи римскиот водач сака сарматски свет грифин за неговиот приватен циркус.
„Астерикс и грифон“ е 39-та авантура на Астерикс и петто заедничко дело на авторот Жан-Ив Фери и илустраторот Дидие Конрад. Иако ова е првата авантура на Астерикс објавена по смртта на оригиналниот илустратор на серијалот, Удерзо првите скици и нацрти на приказната ги видел пред неговата смрт во март 2020 година на 92-годишна возраст.
Во 1959 година, Удерзо ги создаде ликовите Астерикс и Обеликс, со авторот Рене Госини. По ненадејната смрт на Госини во 1977 година, Удерзо со децении работел сам на цртежите.
– Во новото издание, мислев дека сме најдалеку од стилот на Госини и Удерзо. Но сега доаѓаат првичните реакции на луѓето што го читаат стрипот и тие ми велат: „Ова е издание во кое досега најмногу сте се доближиле до стариот стил“- изјави авторот Жан-Ив Фери.
Comments