Археолозите ја открија мистеријата на украсените јајца од ној стари 5000 години
Луѓето ширум Европа, Медитеранот и Северна Африка продавале украсени јајца од ној пред 5000 години. Петте јајца кои се чуваат во колекцијата на Британскиот музеј се украсени со цртежи на животни, цвеќиња, војници или разни геометриски форми. Пронајдени во Италија помеѓу 5 и 6 век пред н.е., но нивното потекло остана мистерија – ноевите не живееле во Европа во тоа време…
Доколку живеевте пред 5000 години и имавте желба некому да му дадете екстравагантен подарок – тогаш веројатно би избрале украсено јајце од ној.
Раскошните јајца од ној беа ценети предмети меѓу елитните кругови на медитеранските цивилизации за време на бронзеното и железното време, но малку се знае за тоа како биле украсувани, како се тргувало со нив и како се движеле низ регионот.
Некои од овие прекрасни предмети се чуваат во Британскиот музеј во Лондон. Јајцата се пронајдени во Италија помеѓу 6 и 5 век пред н.е., но нивното потекло остана мистерија – ноевите не живееле во Европа во тоа време. Новите сознанија од меѓународен тим на археолози можеби конечно ќе дадат одговор.
Интересно е што луѓето ширум Европа, Медитеранот и Северна Африка продавале јајца од ној пред 5000 години. Тие биле украсени на повеќе начини – биле насликани, украсени со слонова коска или благородни метали.
Петте јајца во колекцијата на Британскиот музеј се украсени со цртежи на животни, цвеќиња, или разни геометриски форми.
“Археолозите ги пронашле овие јајца во гробовите на богати поединци и тие веројатно биле луксузни предмети“, објаснува д-р Теимар Ходос, кој го води проектот на Универзитетот во Бристол.
Тимот на д-р Ходос се обиде да открие од каде ноеви јајца и дали луѓето одгледувале ноеви во тоа време или се работи за диви видови.
“Откривањето на местото каде биле положени јајцата, може да понуди и објаснување за нивната историја“, се вели во новата студија објавена во списанието „Антиквитет“.
Тимот на д-р Ходос се обидел да открие од каде ноеви и дали луѓето одгледувале ноеви во тоа време или се работи за диви видови.
Доколку се работи за дивите ноеви, тие биле крајно опасни, толку многу што античкиот грчки историчар Ксенофон напишал дека никој не можел да ги фати.
Откривањето на овој вид информации според стручните лица помага подобро да се разберат древните цивилизации и моделите на трговија кои ги поставија темелите на современиот свет.
Што откриле истражувачите?
Археолозите ги анализирале изотопите или хемиските елементи во лушпата од јајцето. Користејќи современи јајца од ној од Египет, Израел, Јордан и Турција, истражувачите ги споредувале изотопите во античките и модерните јајца за да го утврдат нивното потекло.
Резултатите покажуваат дека јајцата најверојатно потекнуваат од делтата на Нил во северен Египет, како и од источните земји, како што се Јордан, Сирија и Турција.
Тимот на д-р Ходос верува дека ноевите биле диви, што сугерира дека трговците поминале долг пат за да купат јајца.
„Тоа бил ризичен потфат, бидејќи нојот е неверојатно опасен, па не само што некој морал да најде гнездо, туку и да украде јајца“, објаснува д-р Ходос.
Што дознаа истражувачите за исклучителната декорација?
Истражувачите користеле голем број техники за да се обидат повторно да ги создадат алатките што античките занаетчии ги користеле за украсување јајца – но на крајот тимот не успеал да го копира украсувањето.
“Се чини дека овие јајца кријат и многу други тајни, а за да се раскаже целата нивна приказна, потребни се дополнителни истражувања“, рече д-р Ходос.
Археолозите сега планираат да ги истражат симболите и употребата на јајца од ноеви, како и да откријат зошто тие станале толку популарни на Медитеранот (каде ноевите дури и не живееле).
留言