Археолози дешифрираа мистериозно писмо старо 4.000 години
Мистериозното античко линеарно еламитско писмо, користено помеѓу 2.300 и 1.800 година пр. н.е. во областа на јужен Иран, наводно, конечно е дешифрирано, иако некои експерти сѐ уште се скептични. Дополнително, можно е артефактите што се користат за дешифрирање на натписите да не биле легитимно добиени.
Тимот преведе краток текст во кој се вели: „Пузур-Сушинак, кралот на Аван. Божеството Инсушинак го сака“. Во него се додава дека секој што ќе се побуни против Пузур-Сушинак треба да биде уништен. Научниците вклучени во истражувањето наведуваат дека во иднина ќе бидат објавени повеќе преводи на целосни текстови. Археологот Франсоа Десет од Универзитетот во Техеран и Францускиот национален центар за истражување одбија да ги коментираат резултатите. Меѓутоа, асириологот Џејкоб Дал од Универзитетот во Оксфорд го искажа своето мислење и рече дека се сомнева во наодите. Тој го проучува протоеламитското писмо и не се согласува со изјавата на археологот во студијата дека протоеламитското и линеарното еламитско писмо се тесно поврзани. Дополнително, тој е загрижен дека анализата на тимот користела натписи пронајдени на археолошкиот локалитет Конар Сандал од бронзеното време, кој се наоѓа во близината на Џирофт, град во Иран.
– Тие натписи имаат сомнителни карактеристики, можеби се фалсификат. Иако артефактите од Конар Сандал не спаѓаат во групата од осум нови натписи што беа клучни за дешифрирање, под прашалник е податокот дека тие воопшто биле користени – вели Дал.
Comments