Артур потврди дека ќе го напушти Ливерпул
Артур Мело се пресели во Ливерпул на едногодишна позајмица, но најпрвин не успеваше да се наметне кај Јирген Клоп, а подоцна заработи и посериозна повреда која го оддалечи од терените.
Бразилецот признал дека ќе го напушти „Енфилд“ по една сезона и се надева дека ќе може да одигра уште некоја минута во црвениот дрес.
– Се надевам дека ќе можам да се збогувам со Ливерпул на теренот.
– Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите, стручниот штаб и навивачите кои ме третираа одлично, а јас работем многу физички и ментално откако се преселив во Англија.
– Ми беше голема чест да работам со Јирген Клоп, од кого можев да научам многу работи, тој е еден од најдобрите тренери во светот.
– Јас сега немам проблеми со повредата и сакам да играм повеќе, но разбирам дека клубот сега има поинакви потреби од тие во моментите кога дојдов тука, – изјавил Артур кој се уште е под договор со Јувентус и првично ќе треба да се јави на подготовки во италијанскиот клуб.
Comments