Артета: Оваа игра не беше доволна за нашиот клуб, моравме да бидеме…
Арсенал претрпе убедлив пораз од Кристал Палас од 3-0 во последниот меч од 31. коло во Премиер лигата.
„Топчиите“ кои жестоко се борат за Топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите не беа на посакуваното ниво особено во првиот дел кога домаќинот успеа да ги искористи своите шанси и да дојде до предност од 2-0 за да во вториот дел точка околу сите дилеми стави Заха од пенал.
-Не бевме на нашето ниво од почетокот. Кога ќе дојдеш овде треба да се натпреваруваш. Мораш да добиваш дуели и други топки и да се бидеш агресивен, тоа не го направивме и плус бевме многу лоши на топка, -истакна менаџерот Микел Артета.
-Се обидовме во продолжение, имавме три-четири одлични шанси, а тие извлекоа пенал од една полу шанса. Но, тоа е фудбал. Прифаќаме критики, се извинуваме, бидејќи нашата игра овојпат не беше доволно добра за овој клуб… Честитки за Палас бидејќи заслужија да победат. Доволно сме скромни да прифатиме критика. Не се жалиме себеси затоа што ги загубивме играчите и играта, -заклучи Шпанецот.
Клубот од северен Лондон во следното коло го пречекува Брајтон.
Kommentare