top of page
Search

Арсенал сериозно притиска за ангажман на Пауло Дибала

Updated: Apr 1, 2022

31.03.2022 Mart Cetvrtok

Микел Артета речиси сигурно ќе добие поддршка од управата на клубот кога во прашање е летниот трансфер период.

Арсенал по кошмарниот старт на сезоната конечно заигра како што треба и сега е во пол позиција за пасман на четвртата позиција која води директно во Лигата на шампионите.

Доколку успеат да ја задржат позицијата, Микел Артета дефинитивно ќе добие средства за да го засили тимот, а меѓу приоритетите би бил ангажман на Пауло Дибала.

Весникот близок до случувањата во Арсенал, „Football London“ пишува дека од Арсенал го посочиле Дибала како идеално и поевтино решение за офанзивата од претходната трансфер мета, Дарвин Нуњез.

Нуњез ќе ги чини околу 70 милиони евра, во споредба со тоа што Дибала би можел да пристигне како слободен агент.


3 views
bottom of page