top of page

Арсенал подготви 70 милиони фунти за главната трансфер мета на Артета, играчот веќе се договорил со шампионот

23.07.2026 juli cetvrtok

Арсенал денеска го претстави Христос Цолис како директна замена за Ленадро Тросар кој си замина во Бешикташ, но инвестирањето на 40 милиони евра ќе биде само најава за она големото што следи, а тоа е најпосакуваното засилување кое Микел Артета го бара од почетокот на месец јуни.

Крајот на Светското првенство означува старт на главните возбудувања на трансфер пазарот, па откако Челси и Манчестер Сити активираа трансфер-бомби во вид на Морган Роџерс и Елиот Андерсон, Арсенал планира набрзо да го направи тоа со Бруно Гимараеш.

Бразилскиот репрезентативец е прв пик на Артета уште од крајот на минатата сезона, а офанзивниот играч за врска веќе дал зелено светло за трансфер и ги договорил сите лични услови со англискиот шампион.

Како што уверува добро информираниот „Би-Би-Си“, бразилскиот играч за врска веќе ги договорил сите детали со „топчиите“ и дозволил операцијата да мине на друго ниво, па сега останува да се одработи најтешката задача.

Според „Би-Би-Си“, Арсенал подготвува понуда вредна 70 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред, па иако Њукасл планира да ја одбие истата, за очекувањата е истата да биде иницијална каписла за приближување на ставовите.

Њукасл бара околу 85 милиони фунти за својот фудбалер, а Арсенал се надева дека ќе може малку да се „исценка“ и да ја намали сумата во ситуација кога играчот веќе ги има договорено личните услови.


 
 
 

Comments


bottom of page