top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Арсенал го положи последниот испит пред дербито со Ливерпул

Составот на Арсенал успешно го реши последниот предизвик пред големото дерби со Ливерпул закажано за 4 февруари на „Емирејтс“.

Избраниците на Микел Артета славеа над Нотингем Форест со 2-1 и со тоа го надминаа Манчестер Сити по бројот на бодови со тоа што имаат два натпревари повеќе од актуелниот шампион.

Дуелот на „Сити Граунд“ беше решен со погодоци во второто полувреме, резултатот го отвори бразилскиот репрезентативец Габриел Жезус со голот во 65 минута.

Веќе во 72 минута „топчиите“ ја зголемија предноста преку Сака по што стана јасно каде ќе завршат трите бода. Домаќините на крајот постигнаа почесен гол и тоа преку Авонији во 89 минута.

Арсенал сега има 46 бода и е на второто место на табелата.


4 views

Comments


bottom of page