top of page

Армстронг го замени Маџари со Кожув, Глигоријевиќ останува верен на Тиквеш

Sep 1
1 min read

01.09.2026 Septemvri Vtornik

Кожув и Тиквеш се две екипи кои и во новата сезона ќе ги гледаме во најсилната домашна кошаркаска конкуренција, два клуба кои ги официјализираа засилувања, останувања.

Имено Кожув е посилен за Тери Армстронг, американскиот интернационалец кој блескаше во Маџари со просек од 18,5 поени, 5,2 скока, 4,6 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар.

Неговите настапи во изминатата сезона му донесоа и признанија за играч на годината, најдобар дефанзивец, најдобар странски играч и најдобар бек во македонската Суперлига.

Искусниот Стеван Глигоријевиќ исто ќе го гледаме на домашната сцена и тоа во истата средина-тимот на Тиквеш.

Глигоријевиќ ја прифати понудата и го обнови договорот со клубот во кој во кампањата 2025/2026 имаше просек од 11,4 поени и 8,2 скока.

Тој долго време е во Македонија, беше дел од АВ Охрид, Блохотекна, Работнички и Куманово


 
 
 

Comments


bottom of page