top of page
Search

Анџелина Џоли фотографирана со синот пред продавница за миленичиња

08.07.2024 Juli Ponedelnik

Анџелина Џоли и 15-годишниот син Нокс викендов се фотографирани во продавница за миленичиња. Мајката и синот беа забележани во населбата Лос Фелиз во Лос Анџелес.

49-годишната актерка ретко се гледа во јавноста по судската битка со својот поранешен партнер Бред Пит. Во лежерното излегување со синот изгледаше мистериозно, а идентитетот се обиде да го скрие со очила.

Бред и Анџелина заедно ги имаат биолошките деца Нокс, Вивиен и Шајло и трите посвоени деца: Медокс, Пакс и Захара. Сите деца неофицијално се откажале од презимето на својот татко Бред Пит, а 18-годишната Шајло решила тоа да го направи официјално, на суд. Освен Шајло, и Захара и Вивиен повеќе не го носат презимето на татко им, а браќата Медокс и Пакс со години немаат никаква врска со својот татко.

Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка. Поранешните сопружници сè уште не успеале да се договорат за старателството над шесте деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).


1 view

Comments


bottom of page