top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анџелина Џоли: Не сум совршен родител

Анџелина Џоли откри дека е прилично строга кон себе кога станува збор за тоа како ги воспитува своите шест деца. Во еден од ретките коментари за своето семејство, оскаровката (46) признава дека редовно ги преиспитува своите родителски одлуки како самохрана мајка по разделбата со поранешниот сопруг Бред Пит во септември 2016 година. „Во никој случај не сум совршен родител“, изјави таа за „Пипл“. Секој ден чувствувам дека станувам посвесна за сè што не правам како што треба. Таа продолжи: „Јас сум прилично строга кон себе и често се прашувам дали ја правам вистинската работа. Дали ја кажав вистинската работа?“ И покрај тоа што одвреме-навреме се сомнева во себе, Џоли нагласи: „Добрината на моите деца е многу исцелителна за мене“. Таа е мајка на Медокс (20), Пакс (17), Захара (16), Шајло (15) и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс, кои се под заедничко старателство со Пит (57).


0 views

Comments


bottom of page