Анџелина Џоли: Долго време сум сама
Анџелина Џоли открива дека ќе биде многу селективна пред повторно да пронајде љубов… среде долга и мачна судска битка за старателство и прилично тежок развод од Бред Пит во 2016 година. Во текот на интервју за E! News ја прашаа за можноста да почне нова врска по разделбата со Бред додека трае правната битка за старателство над нивните деца. Актерката (45) се пошегува дека е сама веќе долго време и откри дека нејзините деца ѝ помагаат во самохраното мајчинство. Анџелина, која со Бред ги дели Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12), рече: „Нема ништо ново на љубовен план. Веќе подолго време сум сама“. Анџелина, која го промовира својот најнов филм Those Who Wish Me Dead, зборуваше за тоа дека е способна да ги воспитува своите деца како самохрана мајка. „Имам шест многу способни деца. Кога се будам наутро, првата помисла е да се осигурам дека се добро. Најважно е тие да се психички добро“, рече таа додавајќи дека се чини како да се смениле улогите во последните години.
Comments