Анџелина Џоли во улога на оперската икона Марија Калас: „Голем предизвик, ќе дадам се од себе“
Анџелина Џоли доби нова улога за која вели дека ја сфатила многу сериозно. Во биографскиот филм на чилеанскиот режисер Пабло Ларин, оскаровката ќе ја отелотвори иконската оперска пејачка Марија Калас, која го привлече вниманието на јавноста не само со својот впечатлив глас, туку и со возбудливиот приватен живот.
Покрај нејзиниот неверојатен вокален опсег, Калас беше позната и по нејзиното интензивно ривалство со италијанската оперска пејачка Рената Тебалди, како и нејзиниот турбулентен љубовен живот кој вклучуваше романса со грчкиот бродски магнат Аристотел Оназис, кој подоцна се ожени за Џеки Кенеди.
Вели дека ќе даде се од себе
„Многу сериозно ја сфаќам одговорноста за животот и наследството на Марија. Ќе дадам се од себе за да одговорам на предизвикот“, изјави Џоли откако беше објавено дека ќе глуми во филмот за Марија. Џоли го спомна восхитот што го чувствува кон режисерот на филмот: „Пабло Ларен е режисер на кој му се восхитувам долго време. Сон е да се добие шанса да се раскаже повеќе за приказната на Марија со него и со сценариото на Стивен Најт“.
Главните актерки од претходните два биографски филмови на Ларин беа номинирани за Оскар – Кристен Стјуарт за нејзината улога на принцезата Дијана во минатогодишниот „Спенсер и Натали Портман за нејзината улога како Џеки Кенеди Оназис во филмот „Џеки“ од 2016 година. Прославениот режисер доби и номинација за Оскар за најдобар странски филм за неговата чилеанска историска драма „Не“ од 2012 година.
Џоли доби Оскар за филмот „Прекината младост“ (Girl, Interrupted) во 1999 година.

Comentarios